Мидинци
Мидинци | |
Координати 41°37′4″N 20°55′32″E / 41.61778° СГШ; 20.92556° ИГД | |
Општина | Кичево |
Население | 60 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 12047 |
Надм. вис. | 732 м |
Мидинци на општинската карта Атарот на Мидинци во рамките на општината | |
Мидинци на Ризницата |
Мидинци — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Мидинци се наоѓа во областа Горно Кичево, на Зајаска Река. Селото е меѓу планините Буковиќ и Бистра, оддалечено 13,4 километри северно од Кичево. Атарот на селото Мидинци граничи со атарите на селата: Од исток Букојчани, од запад Колари, од југ Зајас, и од север Србиново. Одделни места во атарот на селото ги носат следните имиња: Присој, Буковиќ, Поле, Осијница, Момиран, Колиби, Киш, Варвароец, Качидол, Бачишки ридои, Гура и Голема ледина. Селото е со куќи од збиен тип и се состои од Горна, Чилевска и Илијовска маала.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век селото било дел од Кичевската каза во Отоманското Царство.
Според податоците од 1873 година, селото Мидинци имало (познато како Маданци) 19 домаќинства со 70 жители христијани (Македонци).[3]
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Мидинци:[4]
Домаќинства | Гурбетчии | Писмени | Неписмени | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
мажи | жени | вкупно | мажи | жени | вкупно | ||
19 | 16 | 16 | 0 | 16 | 38 | 53 | 91 |
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мидинци живееле 192 жители, сите Македонци.[5] Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година, во Мидинци имало 152 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мидимци се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 25 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]
Според пописот од 2002 година, во селото Мидинци живеат 33 жители, од кои 31 Македонец и 2 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 60 жители, од кои 25 Македонци, 28 Албанци, 1 останат и 6 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 192 | 152 | 156 | 166 | 159 | 132 | 81 | 54 | 47 | 33 | 60 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
[уреди | уреди извор]Мидинци е населено со македонско православно население, во селото има и староседелски и доселенички родови.
Родови во Мидинци се: Чилевци (10 к.), Лазевци (2 к.), Степановци (2 к.) и Илијовци (4 к.), ова се староседелски родови, родовите Лазевци и Степановци потекнуваат од ист предок; Китановци (4 к.) доселени се од некое село во мијачкиот крај, затоа овој род ги нарекуваат Мијаци; Иљковци (2 к.) доселени се од сега албанското село Колари, го знаат следното родословие: Петре (жив на 38 г. во 1961 година) Методија-Стојан-Иљо кој се доселил; Столевци (2 к.) доселени се исто така од селото Колари, го знаат следното родословие: Столе (жив на 52 г. во 1961 година) Гаве-Исе кој се доселил. Тие се најмлад род во селото.[2]
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Балтовци (3 к.), Мијовци (6 к.), Станишовци (5 к.) и Влчевци (1 к.) староседелци. Од Влчевци има иселеници во Ваљево; Китановци (5 к.) доселени се од мијачкиот крај; Чилевци (4 к.) доселени се, но не знаат од каде; Тодоровци (1 к.) доселени се од некое околно село; Столевци (3 к.) доселени се од мијачкото село Тресонче. Некои од нивниот род преминале во Колари, и таму се поалбанчиле. Ги викале Садиковци.[15]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 822 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 32 гласачи.[17]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Од средината на XIX век Мидинци било изложено на напади од околните Албанци од селата Зајас и Колари, па поради тоа Македонците почнале непрестајно да се иселуваат. Иселениците се иселувале во Белград и Смедерево, а иселеници има и на други места. Така родот Здравковци се иселил во Требино, а од Требино подоцна се иселиле во Латово, од кои потекнува Мицко Крстевски. После Втората светска војна, во Кичево се иселиле 4 домаќинства.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Трифуноски, Јован Ф. (1968). Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво. Скопје. стр. 61–62.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.92-93.
- ↑ Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.256.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 34.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926)“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2019-11-02.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сателитска снимка на Мидинци на Карти на Гугл