Осој (Кичевско)
Осој | |
Координати 41°31′44″N 20°55′53″E / 41.52889° СГШ; 20.93139° ИГД | |
Општина | Кичево |
Население | 410 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 12052, 12552 |
Надм. вис. | 671 м |
Осој на општинската карта Атарот на Осој во рамките на општината | |
Осој на Ризницата |
Осој — село во Општина Кичево, во областа Кичевија, во околината на градот Кичево.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Осој се наоѓа во областа Горно Кичево, на 2 км североисточно од Кичево, во близина на планината Бистра.
Историја
[уреди | уреди извор]Според податоците од 1873 година, селото имало 12 домаќинства со 36 жители христијани (Македонци).[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Осој живееле 250 жители, сите Македонци.[3]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Осој имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Осој се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 25 куќи.[5]
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Осој:[6]
Домаќинства | Гурбетчии | Писмени | Неписмени | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
мажи | жени | вкупно | мажи | жени | вкупно | ||
33 | 21 | 33 | 1 | 34 | 56 | 92 | 148 |
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот од 2002 година, селото Осој има 593 жители, од кои 397 Македонци, 67 Албанци, 169 Роми, 2 Срби и 28 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 410 жители, од кои 142 Македонци, 27 Албанци, 199 Роми, 1 останат и 41 лице без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 250 | 240 | 234 | 270 | 194 | 141 | 136 | 472 | 484 | 593 | 410 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
[уреди | уреди извор]Осој е македонско православно село.
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 60-тите на XX век родови во селото се: Велковци (8 куќи), Марковци (5 куќи) и Павлевци (5 куќи) староседелци, кои живееле во раселеното село Долени; Грговци (7 куќи) и Симјановци (2 куќи) доселени се однекаде, во родот Грговци го знаат следното родословие: Стојан (жив на 62 г. во 1961 година) Максим-Мицко-Вељан, предокот кој се доселил; Ширговци (9 куќи) доселени се од селото Оздолени, Дебрца.[14]
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Павлевци (5 куќи), Велковци (5 куќи), Марковци (6 куќи) и Грговци (7 куќи) овие родови се староседелски; Ширговци (8 куќи) доселени се од раселеното село Требичево кое се наоѓало кај Трапчин Дол.[14]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[15]
- Јачмиште — доцносредновековна некропола;
- Латинска Црква — средновековна населба и некропола;
- Миќо Костенче — средновековна некропола;
- Раздол — доцноантичка некропола;
- Црквиште — доцноантичка населба;
- Цркви
- Црква „Св. Петка“ — изградена и осветена во 2016 година[16]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 755 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на селото осој. Во ова избирачко место е опфатено и селото Кнежино.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 167 гласачи.[18]
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]- Јордан Софронијов Лазорски — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Стефан Манески — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Кочо Ѓорев Петрески — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]== Иселеништво ==-->
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 34.
- ↑ Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 14,0 14,1 „Кичевска Котлина: Сеоска насеља и становништво - Јован Ф. Трифуноски“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-12-11.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка картаг на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ А., З. (24 јули 2016). „Осветена црквата „Света Петка" во село Осој“. Нова Македонија. Скопје. Посетено на 28 јули 2016.[мртва врска]
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сателитска снимка на Осломеј на Карти на Гугл