Поповјани
Поповјани | |
Поглед на селото | |
Координати 41°36′51″N 21°4′19″E / 41.61417° СГШ; 21.07194° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Кичево |
Област | Горно Кичево |
Население | 142 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6254 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 12058 |
Надм. вис. | 710 м |
Поповјани на општинската карта Атарот на Поповјани во рамките на општината | |
Поповјани на Ризницата |
Поповјани — село во областа Горно Кичево, во Општина Кичево, сместено во околината на градот Кичево.
Етимологија
[уреди | уреди извор]Врз основа на постоење на средновековен манастир „Св. Атанасиј“ на подрачјето на денешното село, може да се изведе и претпоставка за потеклото на името на селото Поповјани, кое на македонски јазик означува место на попови, свештеници.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Горно Кичево, сместено во Кичевската Котлина, во северниот дел на подрачјето на Општина Кичево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 710 метри. Од градот Кичево е оддалечено 15 километри.[2] Селото е сместено на западните падини на Челоица.
Куќите на ова село се наоѓаат на дното на долината на малата Поповјанска Река. Западно и источно од Поповјани се протегаат падините на планините Буковиќ и Челоица, додека кон југ се шири долинското дно со извонредно плодно земјиште, каде се наоѓаат селските ниви. Други околни села се: Јагол, Јагол Доленци, Туин, Арангел (село) и Жубрино.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Јани Дол, Илинец, Црква, Слива, Лозишта, Ледина и Селиште.[3]
Селото има збиен тип и е поделено на два дела: источен со македонско и западен со албанско население.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Поповјани е старо село во Кичевската Котлина. Први пишани историски податоци за селото Поповјани се сретнуваат во турските пописни дефтери од втората половина на XV век, односно во 1476/77 година, кога селото се споменува под истото име Поповјани со 23 словенско-христијански куќи.[3]
Народното предание наведува дека во Поповјани постоел средновековен манастир посветен на Свети Атанасиј и сета земја на селскиот атар била манастирска. Манастирот се наоѓал северно од селото, каде што се познаваат слаби остатоци од рушевини и каде Македонците се собираат за Атанасовден.[3]
Овој манастир бил разрушен околу 1850 година, кога било раселено и селото. Манастирската земја ја присвоил некојси Зенула-бег по потекло од Дебар, кој имал 4 сина (Етем, Оман, Емин и Џеладин) кои подоцна се иселиле во Кичево.[3]
Денешното село потекнува од средината на XIX век, кога на беговската земја повторно почнале да се доселуваат македонски родови. Први дошле Пејовци.[3]
Во XIX век, Поповјани било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
Кон крајот на турското владеење во 1912 година, синовите на Зенула-бег започнале да ја распродаваат земјата на селскиот атар, која започнале да ја купуваат Македонците кои живееле во селото, како и Албанци од околните села и од Гостиварско со што тие започнале да се населуваат во ова село. Последниот дел од беговиот земјиштен посед е продаден по Втората светска војна.[3]
На тромеѓето на атарите на селата Поповјани, Туин и Арангел во минатото постоело малото село „Нерези“ населено со Македонци, кое според народното предание „пропаднало“ (се раселило) поради колера.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот зафаќа простор од 4,8 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 196 хектари, на шумите отпаѓаат 140 хектари, а на пасиштата 128 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]
Населението на Поповјани се занимава во најголем дел со сточарство, односно одгледување на овци, говеда (крави и волови) и во помал дел кози, како и земјоделство во плодниот предел јужно од селото каде највеќе се одгледуваат пченица, пченка, компир. Значаен дел од населението е на печалба и привремена работа во странство, претежно во Западна Европа, а помал дел и во Америка, додека еден мал дел работи и во РЕК „Осломеј“.
Последните години, се спроведувала геолошка студија за проценка на лежиштето на лигнит (јаглен) во Поповјани, за кое се планира да се отвори како ископ во рамки на ископите „Осломеј-Запад“.[4]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година, селото Поповјани имало 15 домаќинства со 35 жители муслимани и 20 христијани.[5]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 280 жители, од кои 220 Македонци и 60 Албанци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Поповјани имало 160 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Поповјани се води како мешано македонско-албанско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[8]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Попаљани се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 20 куќи.[9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци и 150 Албанци.[10]
Во 1961 година, селото броело 267 жители, од кои 184 биле Албанци, а 82 жители Македонци. Во 1994 година, бројот се зголемил на 309 жители, од кои 296 Албанци, а 13 жители Македонци.[2]
Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Поповјани, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[заб 1]
Според пописот од 2002 година, во селото Поповјани живееле 399 жители, од кои: 2 Македонци и 397 Албанци.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 142 жители, од кои 1 Македонец, 135 Албанци и 6 лица без податоци.[12]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Поповјани:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | 275 |
1953 | 87 | 88 | 110 | 0 | — | 285 |
1961 | 82 | 184 | 0 | 1 | — | 267 |
1971 | 60 | 211 | 0 | 0 | — | 271 |
1981 | 27 | 265 | 0 | 1 | — | 293 |
1991 | 11 | 19 | 0 | 0 | — | 30 |
1994 | 13 | 296 | 0 | 0 | — | 309 |
2002 | 2 | 397 | 0 | 0 | — | 399 |
2021 | 1 | 135 | 0 | 0 | 6 | 142 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Родови
[уреди | уреди извор]Поповјани е мешано православно-муслиманско село. Денес, во најголем дел во селото Поповјани живеат муслимански Албанци, но во минатото секогаш најголем дел од населението биле православните Македонци и малиот дел на поалбанчени Македонци-муслимани.[3]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:
- Македонски родови: Пејовци (5 к.), први доселеници, го знаат следното родословие: Славко (жив на 45 г. во 1961 година)-Љубе-Васил-Пејо, предокот кој се доселил. Дошле од некое село од околината на Охрид; Крстевци (3 к.), се доселиле по Пејовци од селото Мешеишта, Охридско; Костовци (2 к.), се доселиле од Дебарско; Стамевци (2 к.), дошле од денешното албанско село Трапчин Дол, Кичевско. Го знаат следното родословие: Стојмир (жив на 72 г. во 1961 година)-Никола-Стамен, предокот кој се доселил и имал 5 синови од кои само 2 останале во селото; Огнановци (2 к.), дошле од селото Издеглавје, Охридско; Глувчаровци (5 к.), дошле од соседното село Арангел; Стамески (1 к.), дошол од селото Јагол.
- Албански родови: Усеиноски (2 к.), први албански доселеници, дошле од селото Србиново, Гостиварско; Веселоски (8 к.), Османоски (4 к.) и Калешовци (2 к.), дошле од селото Туин; Пиловци (3 к.), Дуковци (3 к.) и Малески (1 к.), дошле од блиското село Папрадиште; Незироски (2 к.), дошле од селото Бериково; Новоселци (1 к.), дошле по Втората светска војна од Ново Село; Алилоски (1 к.), дошле по Втората светска војна од селото Ќафа; Нухија (1 к.), дошол од соседното село Јагол и Беадини (1 к.), дошол од околината на Дебар. Најголемиот дел од овие родови, подалечното потекло им е од областа Матија во северниот дел на Албанија.
- Поалбанчени Македонци-муслимани: Бајрамови (1 к.), дошле од селото Србица, чии предци зборувале македонски јазик (самиот род велел „чатачки јазик“).
Според истражувањата, пак, на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[13]
- Македонски родови: Глувчаровци (5 к.), доселени се од селото Арангел поради зулум; Ѓоревци (1 к.), доселени се од селото Бериково; Паспаловци (2 к.), доселени се од некое село Горјани во Охридско (?) (можеби Горенци), некои се иселиле во Кичево каде се нарекле Пејовиќи; Огненовци (1 к.), доселени се од селото Издеглавје во Дебрца; Костовци (1 к.), најстар род, доселени се од Дебарско. Ги има и во Кичево; Стамевци (1 к.), доселени се од селото Длапкин Дол; Крстевци (2 к.), доселени се од Охридско; Чапановци (1 к.) и Гиновци (1 к.), изумреле. Биле доселени од селото Мешеишта кај Охрид.
- Албански родови: Алими (6 к.), доселени се од селото Туин; Јакупи (1 к.), Садика (1 к.), Зибера (1 к.) и Ќерима (1 к.), доселени се од селото Папрадиште; Латифи (1 к.), доселени се од селото Туин; Елези (2 к.), доселени се од селото Србица; Алили (1 к.), доселени се од селото Ќафа; Џеладин Бег (2 к.), Оломан Бег (2 к.) и Емин Бег (1 к.), доселени се од Дебар.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Месна заедница
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Осломеј.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Јагол Доленци, во која покрај селото Поповјани, се наоѓале и селата Бериково, Јагол, Јагол Доленци, Папрадиште и Туин. Во периодот 1950-1952, селото влегувало во рамки на некогашната општина Доленци, заедно со селата Бериково, Доленци, Јагол, Папрадиште и Поповјани.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 0801 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на културниот дом.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 305 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви[16]
- Црква „Св. Никола“ — главна селска црква
- Џамии[16]
- Стара џамија — стара џамија
- Нова џамија — нова џамија
-
Новата џамија
-
Црквата „Св. Никола“
-
Старата џамија
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Иселеници од селото во минатото се забележани во Кичево (10 македонски и 1 албанско семејство), Скопје, Белград, Бугарија, Романија, македонскиот род Милјановци се иселиле во соседното село Јагол, додека 4 албански домаќинства се иселиле во Турција.[3]
Во денешно време се забележани иселувања на албанското население во Швајцарија, Австрија и Германија, а во помал дел и во САД и Италија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 240. Посетено на 9 јануари 2021.
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 48–49.
- ↑ Рударски институт - Истражувачки проекти
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 90-91.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 255.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 156-157.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 37.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 35.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 јануари 2021.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Смиљанић, Тома, (1935) Кичевија, Насеља и порекло становништва. Београд, САНУ
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 9 јануари 2021.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 11 ноември 2019.
- ↑ 16,0 16,1 Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- Забелешки
- ↑ Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да земат учество (го бојкотираа) во Пописот.