Прејди на содржината

Црвивци

Координати: 41°33′32″N 20°59′8″E / 41.55889° СГШ; 20.98556° ИГД / 41.55889; 20.98556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Црвивци

Поглед на селото

Црвивци во рамките на Македонија
Црвивци
Местоположба на Црвивци во Македонија
Црвивци на карта

Карта

Координати 41°33′32″N 20°59′8″E / 41.55889° СГШ; 20.98556° ИГД / 41.55889; 20.98556
Регион  Југозападен
Општина  Кичево
Област Горно Кичево
Население 705 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6254
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12076
Надм. вис. 640 м
Црвивци на општинската карта

Атарот на Црвивци во рамките на општината
Црвивци на Ризницата

Црвивци — село во областа Горно Кичево, во Општина Кичево, сместено во околината на градот Кичево.

Етимологија

[уреди | уреди извор]

Постои верување дека името на селото дошло од тоа дека во него имало црква. Црквата се наоѓала во месноста Чука над селото, а самите мештани викале дека била „латинска“. На месноста во 1923 година биле откриени поголем број монети.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Поглед на селото

Селото се наоѓа во областа Горно Кичево, сместено во Кичевската Котлина, во северниот дел на подрачјето на Општина Кичево, сместено североисточно од градот Кичево.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 640 метри. Од градот Кичево е оддалечено 5 километри.[3]

Селото е сместено помеѓу самата котлина и повисокото земјиште од ридот Вардино на север. Поради тоа, селото поседува поволни услови за земјоделство и сточарство. Околни села се: Осломеј, Колибари, Лазаровци, Стрелци и други.[4]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Чука, Гола Мара, Лаг, Пакошта, Фуша (Поле) и други.[4]

Селото има збиен тип. Може да се издвојат повеќе маала наречени по родови, како што се Балаж, Челиковци, Спаиовци, Врангеловци и други.[4]

Историја

[уреди | уреди извор]
Сретселото

Црвивци е старо село во Кичевско, кое најпрвин било населено само со словенско-христијанско население. Првпат е споменато во 1300 година кога е наведено селото Чрвчиштам, а историчарите претпоставуваат дека се работи за Црвивци.[4]

Селото се сретнува под името Црвица во втората половина на XV век во турските пописни дефтери, кога имало 51 словенско-христијанска куќа,[4] во кои имало 46 семејства, 3 неженети и 2 вдовици, сите христијани.[5]

Кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век започнале да се населуваат муслиманските Арбанаси, кои потекнувале од областа Мат, во северна Албанија. Православните Македонци во текот на XIX век постојано се иселувале. Околу 1870 година се иселиле и последните седум домаќинства.[4]

Преданието кажува дека Албанците удриле на селото од страна на Зајас за Велигден, кога се играло оро, убиле многу луѓе, а жените ги заробиле и се вселиле како „во своја куќа“.[2]

Во XIX век, Црвивци било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Поглед на селото од далечина, додека во позадина се гледа ТЕЦ „Осломеј“

Атарот зафаќа простор од 6,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 399 хектари, на пасиштата отпаѓаат 173 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото има услужни објекти.[3]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948690—    
1953754+9.3%
1961839+11.3%
19711.115+32.9%
19811.289+15.6%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
19941.343—    
20021.725+28.4%
2021705−59.1%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 425 жители, сите Македонци муслимани.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.[7]

Селото е големо и населено со албанско население. Во 1961 година броело 841 жител, додека во 1994 година бројот се зголемил на 1.373 жители.[3]

Пописот од 1991 година не бил воопшто одржан во селото Стрелци, бидејќи целото негово население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[заб 1]

Според пописот од 2002 година, во селото Црвивци живееле 1.725 жители, од кои 1.702 Албанци, 3 Македонци, 1 Бошњак и 19 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 705 жители, од кои 671 Албанец и 34 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 425 690 754 839 1.115 1.289 0 1.343 1.725 705
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Црвивци е албанско село, во кое живеат албански и поалбанчени македонски муслимански родови.[4]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:

  • Албански родови: Балаж (околу 18 к.), потеклото им е од областа Матија во Северна Албанија. Имаат истоимени роднини во други кичевски села: Србица (околу 35 к.) и Ново Село (24 к.); Спаија (околу 25 к.), и нивното потекло е исто како на претходниот род. Имаат истоимени роднини во споменатото кичевско село Србица (околу 75 к.); Челиковци (околу 20 к.), потеклото им е како на претходните родови. Имаат истоимени роднини во кичевското село Зајас (околу 40 к.); Чадоровци (околу 10 к.), потеклото им е како на претходните родови. Една нивна гранка од две куќи преминала во кичевското село Жубрино и Кумовци (околу 6 к.), веројатно имаат исто потекло како и претходните родови. Нивни истоимени роднини живеат во кичевското село Гарани (6 к.).
  • Македонски поалбанчени родови: Даговци (околу 6 к.), доселени се од кичевското село Горно Строгомиште. Таму имаат истоимени роднини. Потекнуваат од поалбанчени Торбеши и Врангеловци (околу 16 к.), и тие имаат истоимени роднини во кичевското село Горно Строгомиште (4 к.) и Лисичани (1 к.).
  • Останати родови чие потекло не е утврдено: Миџовци (околу 8 к.), Тиковци (околу 6 к.), Баловци (околу 6 к.) и Речковци (околу 4 к.). Т. Смилјаниќ - Брадина за родовите Миџовци и Речковци има запишано дека се староседелци.

Според истражувањата, пак, на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[2]

  • Староседелци: Миџовци (5 к.) и Речковци (2 к.).
  • Доселеници: Челиковци (Бајрактаровци, 17 к.), Тиковци (5 к.) и Врангеловци (15 к.), сите по потекло од Дебар; Спаиовци (20 к.), по потекло од Мат, а дошле од Зајас и биле спахии; Чадоровци (10 к.), дошле од Гостивар; Даговци (4 к.), дошле од Строгомишта; Балажовци (14 к.), дошле од Мат и имаат роднини во Србица и Ново Село; Бисаровци (5 к.), дошле од Зајас и Баловци (4 к.), дошле од Арангел.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Осломеј.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Осломеј, во која покрај селото Црвивци, се наоѓале и селата Арангел, Гарани, Жубрино, Лазаровци, Мамудовци, Ново Село, Осломеј, Премка, Србица, Стрелци и Шутово. Општината Осломеј постоела и во периодот 1950-1952, кога влегувале селата Жубрино, Осломеј и Црвивци.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постојат избирачките места бр. 0790 и 0791 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.515 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Главната селска џамија
Археолошки наоѓалишта[16]
Цркви

Во минатото во селото постоела црква, која се наоѓала на месноста Чука, по која се верува дека и самото село се вика. Околу црквата се наоѓале христијански гробови, чии плочи подоцна биле употребени за градежен материјал.[2][4]

Џамии[17]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Познато е дека македонските родови Мојсоски (2 к.) и Билески (2 к.) се иселиле во соседното село Лазаровци. Т. Смилјаниќ - Брадина ги споменува и родовите Токмаковци, Цаневци и Мисаиловци, кои се иселиле во кичевското село Раштани. За целосниот обем на иселувањето на македонските родови од селото нема целосни податоци.[4]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Смиљанић, Тома, (1935) Кичевија, Насеља и порекло становништва. Београд, САНУ
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 312. Посетено на 20 јануари 2021.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 4,8 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 52–53.
  5. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 217
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 20 јануари 2021.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 20 јануари 2021.
  15. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 11 ноември 2019.
  16. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 170. ISBN 9989-649-28-6.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Забелешки
  1. Во пописот од 1991 година, во населените места: Грачани, Никиштане, Ново Село (Боговиње), Раковец, Селце Кеч, Гургурница, Долно Јаболчиште, Клуковец, Добовјани, Врановци, Јажинце, Орашје, Равен, Спас, Богојци, Поум, Џепин, Долна Ѓоновица, Горна Лешница, Групчин, Добарце, Копачин Дол, Ларце, Мерово, Ново Село (Желино), Палатица, Рогле, Седларево, Стримница, Церово, Чифлик (Желино), Грешница, Длапкин Дол, Долно Строгомиште, Колибари, Речани - Зајаско, Вражале, Горно Седларце, Новаќе, Синичане, Мамудовци, Трапчин Дол, Горно Свиларе, Дворце, Рашче, Алашевце, Ваксинце, Виштица, Глажња, Гошинце, Злокуќане, Извор (Липково), Липково, Лојане, Оризари, Отља, Р’нковце, Руница, Слупчане, Стрима, Бибај, Богдево, Грекај, Нивиште, Орќуше, Рибница, Горјане, Градец, Ѓурѓевиште, Ломница, Арангел, Жубрино, Папрадиште, Ќафа, Црвивци, Бојане, Копаница, Паничари, Раовиќ, Чајлане, Патишка Река, Света Петка, Чифлик (Сопиште), Лакавица, Падалиште, Србиново, Страјане, Трново, Франгово, Шум, Алдинци, Горно Количани, Драчевица, Рамни Габер, Црвена Вода, Црн Врв, Нераште, Вејце, Селце, Корито, Блаце, Брест, Танушевци, Ѓермо, Порој, Бозовце, Бродец, Вешала и Шипковица, целото население не прифати да земе учество (го бојкотираше) во Пописот.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]