Манастирско Доленци
Манастирско Доленци | |
Поглед на селото | |
Координати 41°28′20″N 20°56′43″E / 41.47222° СГШ; 20.94528° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Кичево |
Област | Копачка |
Население | 40 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6261 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 12045 |
Надм. вис. | 700 м |
Слава | Свети Никола Летен |
Манастирско Доленци на општинската карта Атарот на Манастирско Доленци во рамките на општината | |
Манастирско Доленци на Ризницата |
Манастирско Доленци — село во областа Копачка, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.
Името „Манастирско“ доаѓа од близината на Кичевскиот манастир.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Ова село се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, југозападно од самиот град Кичево, во горното сливно подрачје на реката Треска.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри, оддалечено од градот Кичево на 12 километри.[2]
Куќите на ова село се наоѓаат во една сува долина и на нејзините благи падини. Долината се наоѓа во ридскиот јужен дел на Кичевската Котлина. Околни села се: Србјани на север, Карбуница на исток и Пополжани на запад.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Белејци, Ракида, Жив-огон, Јастребец, Сртоец, Долишта, Горна Црква, Бариште, Гола Краста, Павли Дол, Ралица, Врвои и други.[3]
Селото има збиен тип. Се разликуваат Горно, Средно и Долно маало. Во маалата, роднинските куќи се поблизу една со друга.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Месноста Горна Црква се наоѓа крај селските гробишта, на патот кон блискиот Кичевски манастир. Таму има остатоци од некоја помала стара црква. Постарите мештани мислат дека таа црква била „латинска“.[3]
Во втората половина XV век во Кичевската Котлина имало три села именувани Доленци (денешните Манастирско, Бигор и Јагол Доленци), но тешко може да се одреди колкав број на куќи имале сите тие.[3]
Преданието кажува дека селото подоцна било напуштено. Денешното село не е толку старо. Било обновено од доселеници на почетокот на XIX век. Доселениците биле по потекло од соседното село Крнино, кое денес е напуштено. Покрај нив, во селото се доселиле и луѓе од околината на Скадар и Јанина.[3]
Крнино
[уреди | уреди извор]Селаните наведуваат дека до првата половина на XIX век, југозападно од нивното село постоело малото македонско село Крнино. Тоа се наоѓало 300 метри пониско од денешниот Кичевски манастир. Меѓутоа, во тој период, селото било раселено, а родот Блажески преминал во селото Манастирско Доленци.[3]
На земјиштето на манастирот бил изграден Кичевскиот манастир. Поради оваа причина, манастирот долго време бил познат под името Крнински манастир.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот зафаќа простор од 11,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 963 хектари, на пасиштата отпаѓаат 108 хектари, а на обработливото земјиште само 38 хектари.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година, селото имало 21 домаќинство со 94 жители христијани (Македонци).[4]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Манастирско Доленци имало 320 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Манастирско Доленци имало 320 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Србен Доленци (Манастирски) се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[7]
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Манастирско Доленци:[8]
Домаќинства | Гурбетчии | Писмени | Неписмени | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
мажи | жени | вкупно | мажи | жени | вкупно | ||
35 | 43 | 66 | 7 | 73 | 37 | 82 | 119 |
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[9]
Селото е мало со намалување на бројот на населението. Така, тоа во 1961 година имало 210 жители, а во 1994 година 126 жители, од кои 124 биле Македонци и 2 Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Манастирско Доленци живееле 109 жители, од кои 108 Македонци и 1 Србин.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 40 жители, од кои 24 Македонци и 16 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 320 | 320 | 234 | 243 | 210 | 188 | 175 | 126 | 126 | 109 | 40 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Родови
[уреди | уреди извор]Во селото Манастирско Доленци живеат само Македонци христијани. Во селото има само еден староседелски род доселен од раселеното село Крнино, остатокот од родовите се доселени, еден дел со познато место на старина, а другиот дел со непознато место на старина.[3]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:
- Староседелски е само родот Блажевци (4 к.), кои потекнуваат од сега раселеното село Крнино.
- Доселенички родови се: Поп Димитровци или Тумтановци (5 к.), доселени се од селото Врапчиште, каде без родители останале тројца браќа, нив во Кичевски манастир ги донел некој калуѓер, потоа еден од браќата Поп Кузман се населил во ова село, вториот брат отишол во селото Вранештица, додека третиот брат отишол во селото Лисолај, го знаат следното родословие: Милан (жив на 80 г. во 1961 година) Ѓорге-Димитрија-Кузман, основачот на родот; Степановци (2 к.) и Матевци (2 к.), потекнуваат од исто место, основачите на родовите дошле во селото Манастирско Доленци од околината на Јанина, денес во Грција; Шкодровци или Ристевци (1 к.), доселени се од некое село во околината на Скадар; Костадиновци или Ивановци (4 к.), потекнуваат од селото Јудово; Столевци (2 к.), доселени се од селото Лавчани; Божиновци (4 к.), Илијовци (1 к.), Поп Ѓоргијовци (2 к.), Милошевци (1 к.), Матевци (1 к.), Ѓоревци (3 к.), Андреевци (4 к.), Костадиновци (2 к.), Јордановци (2 к.), Никодиновци (1 к.) и Ѓерасимовци (1 к.), не знаат од каде се доселени.
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[16]
- Староседелци: Узуновци (1 к.), слават Петковден.
- Доселеници: Џумбовци (8 к.), доселени од Шкумба; Црно-Стојковци (4 к.), доселени од Шкумба; Крк-Димовци (4 к.), не го знаат потеклото; Столевци (1 к.), не го знаат потеклото; Тумантевци (8 к.), дошле од Врапчиште, крај Гостивар; Крстевци (3 к.), доселени од Кошарани, крај Кичево и Силјановци (4 к.), доселени од селото Оздолени во Дебрца.
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото било дел од некогашната Општина Другово.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Другово, во која покрај селото Манастирско Доленци, се наоѓале и селата Горно Добреноец, Долно Добреноец, Другово, Јаворец, Лавчани, Подвис, Пополжани и Србјани. Општината Другово постоела и во периодот 1950-1952, кога во нејзе биле вклучени селата: Другово, Манастирско Доленци, Пополжани и Србјани.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 0774 според Државната изборна комисија, сместено во селскиот дом.[17]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 84 гласачи.[18] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 91 гласач.[19]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 85 гласачи.[20]
Во 2024 година, на редовните претседателски избори и на парламентарните избори, на избирачкото место број 0774 во ова село имало запишани 72 гласачи.[21]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[22]
- Арбанашки — нејверојатно населба од непознат период;
- Горна Црква — нејверојатно населба од непознат период;
- Камилевица — осамени наоди од непознат период;
- Селиште — нејверојатно населба од непознат период;
- Сртовец — монети и нејверојатно населба од непознат период;
- Лискавец — нејверојатно населба од непознат период;
- Ѓориште — нејверојатно населба од непознат период;
- Грмаѓе — нејверојатно населба од непознат период; и
- Белевец — нејверојатно населба од непознат период.
- Цркви[23]
- Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ — главна манастирска црква на Кичевскиот манастир;
- Црква „Св. Никола“ — манастирска зимска црква на Кичевскиот манастир;
- Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква; и
- Црква „Св. Никола Чудотворец“ — најнова селска црква. Градбата започната во 2001, а осветена во 2015.[24]
- Манастири
- Кичевски манастир — средновековен манастир
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Во селото традиционално се прославува:
- Свети Никола Летен — селска слава
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Едно домаќинство (Поповци) се иселило во кичевското сели Белица. По Втората светска војна четири домаќинства заминале за Кичево.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Сретселото
-
Дел од селото
-
Традиционална куќа во селото
-
Недовршената црква „Св. Димитриј“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 116. Посетено на 19 јануари 2019.
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 103–105.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 172-173.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 35.
- ↑ Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 15 февруари 2019.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-11-25.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 15 февруари 2019.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2021-01-27. Посетено на 15 февруари 2019.
- ↑ „Референдум 2018“. Посетено на 15 февруари 2019.[мртва врска]
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „iVote Demokra“. rezultati-prv.sec.mk. Посетено на 2024-08-01.
- ↑ Смиљанић Тома, Кичевија, Српски етнолошки зборник 51, Насеља српских земаља 28, Београд 1935.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ † ОСВЕТУВАЊЕ НА ХРАМОТ „СВ. НИКОЛА“ ВО С. МАНАСТИРСКО ДОЛЕНЦИ
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Манастирско Доленци на Ризницата ?