Папрадиште (Кичевско)
Папрадиште | |
Координати 41°38′53″N 21°1′36″E / 41.64806° СГШ; 21.02667° ИГД | |
Општина | Кичево |
Население | 8 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 12053 |
Надм. вис. | 1.359 м |
Папрадиште на општинската карта Атарот на Папрадиште во рамките на општината | |
Папрадиште — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото Папрадиште се наоѓа во областа Горно Кичево, на западните падини на Добра Вода, оддалечено 20 километри северно од Кичево.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 7 семејства и 1 неженет, сите христијани.[2]
Според податоците од 1873 година, селото имало 100 домаќинства со 290 жители муслимани.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Папрадиште живееле 220 жители, сите Албанци.[4]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Папрадиште живеат 75 жители, од кои 74 Албанци и 1 останат.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, сите Албанци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 220 | — | 206 | 237 | 216 | 239 | 219 | 0 | 119 | 75 | 8 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
[уреди | уреди извор]Папрадиште е албанско село.
Според истражувањата на Јован Трифуноски во периодот 1961-1965.
Родови во селото се: Џине (12 к.) најстариот род во селото. Нивниот предок се доселил пред околу 140 години од областа Матија во Северна Албанија. Калешовци (20 к.), се доселиле по родот Џине. И нивното потекло е од Мат во Албанија. Предокот Лиман Калеши се доселил пред околу 135 години. Се знае следното родословие: Сулејман (55 години) - Вели - Реџеп - Суљо - Реџо - Лиман. Имаат истоимени роднини во соседните села Туин, Србица и Ќафа. Манцуке (2 к.), се доселиле по родот Калешовци. Потеклото им е исто. Хаздуке (3 к.), најмладиот селски род. Се доселиле од соседното село Ќафа. Подалечното потекло им е исто како и на другите родови.[11]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 800 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 104 гласачи.[13]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.221
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.96-97.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 28 јули 2016.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Кичевска Котлина. Сеоска насеља и становништво. Јован Ф. Трифуноски. Скопје:1968.стр.42
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Сателитска снимка на Папрадиште на Карти на Гугл
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |