Лавчани
Лавчани | |
Поглед на селото | |
Координати 41°29′8″N 20°52′1″E / 41.48556° СГШ; 20.86694° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Кичево |
Област | Копачка |
Население | 4 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6261 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 12039 |
Надм. вис. | 900 м |
Слава | Архангел Михаил |
Лавчани на општинската карта Атарот на Лавчани во рамките на општината | |
Лавчани на Ризницата |
Лавчани — село во областа Копачка, во Општина Кичево, на патот помеѓу градовите Кичево и Охрид. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, од левата страна на реката Треска, недалеку од десната страна на регионалниот пат Кичево-Охрид.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 1.050 метри. Од градот Кичево е оддалечено 11 километри.[2]
Селото има лоша местоположба, сместено на стрмна падина, поради што пристапот до него е тежок. Селото било основано толку високо само поради изворската вода.[3]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Лавчанско Речиште, Пчелин, Студена Вода, Лукоечка Река, Лукоец, Кремен, Голем Дол, Бунарче, Печејна, Горна Кошара, Преслоп, Горнио, Пиој, Селиште, Равен, Тумба, Виниште и Ограда.[3]
Селото има особено збиен тип. Не постојат маала, бидејќи е мало, но сепак има родовско групирање. Такви групи се Ивановци, Јанковци, Џајковци, Кордовци и други.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Лавчани претставува старо село во Кичевско. Под името Влашчани се споменува во втората половина на XV век, кога имало 13 словенски христијански куќи.[3]
Поради некоја причина, селото било напуштено. Подоцна, кон крајот на XVIII век, Лавчани било обновено, заедно со соседното село Подвис. Го обновиле три македонски домаќинства доселени од некогашниот град Закамен. Од доселениците потекнуваат сите денешни родови. Првите доселеници биле браќа, а нивниот татко бил свештеник.[3]
Според преданието, доселениците наишле на извор со вода и решиле таму да основаат село. Земјиштето околу изворот било под шума.[3]
Во XIX век, Лавчани било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
Во 1903 година, селото било запалено од страна на арбанашките арамии. Тогаш, мештаните побегнале на планината Голјак, десно од реката Треска. Арбанасите есента доаѓале девет пати и го одземале стоката.[3]
Во текот на Втората светска војна, селото повторно настрадало од Арбанасите од селото Зајас.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот зафаќа простор од 15,7 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 858 хектари, на пасиштата отпаѓаат 568 хектари, а на обработливото земјиште само 70 хектари.[2]
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година, селото имало 18 домаќинства со 70 жители христијани (Македонци).[4]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лавчани имало 384 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Лавчани имало 440 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лахчени се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 55 куќи.[7]
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Лавчани:[8]
Домаќинства | Гурбетчии | Писмени | Неписмени | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
мажи | жени | вкупно | мажи | жени | вкупно | ||
74 | 30 | 66 | 1 | 67 | 144 | 199 | 343 |
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[9]
Поради иселување на населението, Лавчани преминало од средно во мало село. Така, селото во 1961 година броело 449 жители, додека во 1994 година само 36 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Лавчани живееле 10 жители, сите Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 384 | 440 | 494 | 513 | 449 | 204 | 70 | 29 | 36 | 10 | 4 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
[уреди | уреди извор]Лавчани е чисто македонско православно село. Сите родови во селото се доселенички, а поголемиот број родови доселени се крајот на XVIII век од градот Закамен.[3]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:
- Родови доселени од градот Закамен: Ивановци (12 к.), Јанковци (12 к.), Цајковци (11 к.), Кордовци (10 к.), Шатевци (9 к.), Блажевци (9 к.), Јаневци (6 к.) и Секуловци (5 к.), овие родови потекнуваат од првите три домаќинства. Во родот Секуловци се знае следното родословие: Лазе (жив на 90 г. во 1961 година) Тасе-Китан-Секула, основачот на родот кој се доселил.
- Родот Наумовци (7 к.), пак потекнува од дечко кој дошол со неговата мајка после премажување на мајката, доселени се од некое село во Охридско.
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Јанковци (15 к.), Џајковци (11 к.), Ивановци (10 к.) и Станковци (10 к.), староседелци; Ивановци (7 к.), доселени од месноста Корито; Ѓорѓевци (11 к.), доселени од селото Турје и Кордовци, нивниот предок дошол од селото Јудово.[15]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Другово, во која покрај селото Лавчани, се наоѓале и селата Горно Добреноец, Долно Добреноец, Другово, Јаворец, Манастирско Доленци, Подвис, Пополжани и Србјани. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Подвис, во која влегувале селата Горно Добреноец, Долно Добреноец, Лавчани и Подвис.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 0772 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[16]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[17] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[19]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви[20]
- Црква „Св. Архангел Михаил“ — главна селска црква.
Редовни настани
[уреди | уреди извор]- Водици
- Архангел Михаил — црковна слава
- Голема Богородица — селска слава
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во Лавчани
- Софе Штерјоски (1949-1984) — новинар на Радио Скопје, еден од најпознатите македонски хумористи и сатиричари, автор на повеќе книги за деца
- Јанаки Јанев — македонски револуционер.
- Димо Иванов — револуционер на ВМОРО[21]
- Цветан Алексоски — македонски револуционер од ВМОРО[22]
- Андон Блажев Дејаноски — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Генадија Марков Јосифоски — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
- Лазар Тасев Китанов — македонски револуционер од ВМОРО.[25]
- Секула Ш. Костадиноски — македонски револуционер од ВМОРО.[25]
- Јанко Вељаноски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Тасе Илиевски Андоноски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Мате Јаковлев Пејоски — македонски револуционер од ВМОРО.[26]
- Паун Пејоски — македонски револуционер од ВМОРО.[26]
- Ташко К. Стефаноски — македонски револуционер од ВМОРО.[27]
- Иванчо Андоноски (1920-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Стојанче Генадијоски (1920-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Цветко Јаковлески (1925-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Стојан Тасески (1922-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Родот Столевци (2 к.) се иселил во Манастирско Доленци. Родовите Лавчани (2 к.) и Ќипревци (2 к.) се иселиле во селото Србјани. По Втората светска војна, од селото имало голем бран на иселувања. Има иселено во селото Другово, во градовите Кичево и Скопје, и во селото Јабука покрај Панчево.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 172. Посетено на 8 февруари 2019.
- ↑ 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 84–85.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 34.
- ↑ Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 75.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 8 февруари 2019.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-11-25.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 8 февруари 2019.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-10-19. Посетено на 8 февруари 2019.
- ↑ „Референдум 2018“. Посетено на 8 февруари 2019.[мртва врска]
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 62.
- ↑ 22,0 22,1 22,2 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ 25,0 25,1 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ 26,0 26,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)